Денес со иновативна прес конференција, беше промовирано новото пиво од Пивара Скопје, Скопско Smooth со што и официјално се означи почетокот на уште една една успешна пивска приказна. Ова пиво за инспирација го зема СКОПСКО македонската бренд икона, за на новите генерации да им понуди пиво кое е питко со свеж и балансиран вкус.
Скопско Smooth е првото пиво во Македонија кое e произведено од 100% арома хмељ по најнова технологија на ладна филтрација, резултат на 90 –годишната иновација на Пивара Скопје во усовршување на процесот на производство. Со процесот на ладна филтрација се избегнува процесот на пастеризација што овозможува Скопско Smooth да остане свежо како да е штотуку наточено. Скопско Smooth е светло пиво со мазен рафиниран и освежувачки вкус, 4.5% алкохол и 90 дена рок. Тоа го прави најсвежото пиво на пазарот.
“Како иновативна компанија Пивара Скопје е насоченa кон развој на најдобри брендови и услуги со цел да им обезбеди на конзументите најдобро искуство и доживување вредно за споделување. Пивара Скопје се стреми да остави печат на позитивните промени, развој на пивската култура и да внесе свежина во животот на конзументите. Како резултат на тоа настана Скопско Smooth. “изјави Генералниот Директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ.
Инспирирано од бунтовната енергијата на младите Скопско Smooth е пиво со став, пиво кое има многу што да каже и покаже и кое го дели истиот прогресивен и свеж дух кој е одлика на младите и сите оние кои се чувствуваат млади.
“Скопско Smooth е произведено со ладна филтрација, технологија со која се вбројуваме меѓу првите пивари во регионот и една од трите пивари во Heineken кои ја користат оваа иновативна технологија. Токму тоа заедно со врвните состојки кои се дел од сите наши пива на Скопско Smooth му даваат еден поинаков и прогресивен карактер.”- изјави Кирчо Стојанов, менаџер за производство на пиво во Пивара Скопје.
Пивара Скопје со оваа иновација уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации во сите сегменти на работењето како дел од долгорочниот план за развој на пивската култура.