Онлајн платформата за резервација на угостителско сместување, Hotels.com, лансираше нова кампања која го носи одличниот наслов „Find Your Perfect Somewhere“ („Пронајдете го Вашето совршено некаде“).
Со неа, компанијата сака да се репозиционира не како огласник на хотели, туку како туристички бренд кој на туристите им помага да се поврзат со своите идеални дестинации.
Јадрото на кампањата е составено од три полуминутни видео спотови, кои претставуваат три различни типови на дестинации: фамилијарен хотел со плажа; хотел за бизнис патувања; и уметничко-дизајнерски „бутик“ хотел. Односно, без разлика кои се вашите туристички преференци и како себе се гледате во улогата на светски патник, Hotels.com е тука да Ви овозможи да го најдете совршениот сместувачки капацитет по ваша мера.
Спотовите на кампањата доаѓаат во две јазични верзии – англиска и француска, а се наменети главно за европскиот пазар.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Wieden+Kennedy Portland.