“Маркетинг алатка на денот” е серија од микро постови создадени со цел да ги запознаеме македонските стартапи и маркетинг ентузијасти со корисните алатки кои можат да ги користат во делот на маркетингот. Оваа иницијатива е на brainster заедницата.
Алатка #3 BuzzSumo.
Повеќето од нас мислат дека content marketing-от е наједноставната работа поврзана со маркетингот. Ќе смислите нешто во некоја форма, ќе го објавите и луѓето магично ќе почнат да ве следат низ социјалните медиуми и да се појавуваат на вашата интернет страна. Погрешно! Content marketing-от претставува една од најтешките и најсензитивни работи кои треба да бидат извршени во правилна форма, со вистинска порака и одличен тајминг. Мала грешка и пораката која што сте сакале да ја упатите до пошироката јавност добива сосема нова “непредвидена” димензија. Сигурно се прашувате „ како можам да знам дали content marketing-от кој го спроведувам е правилен и како порака стигнува до одредена замислена маса на потенцијални следбеници и купувачи„? Одговорот е лесен: Добредојдовте во светот на BuzzSumo!
Што претставува BuzzSumo?
Ветувањето на BuzzSumo е дека ќе анализира содржина која предизвикува најголем интерест за било која тема или конкуренција и дека ќе ги пронајде клучните луѓе (influencers) кои ќе ја промовираат вашата содржина. Пребарувајки низ разните социјални платформи вклучувајки Facebook, Twitter, LinkedIn, Pinterest и Google+, Вие ќе бидете во можност да видите каква содржина и кој ја споделува во реално време.
Зошто ја сакаме?
Затоа што е up-to-date и во реално време! Како корисник добивате информација за тоа како некоја тема станува популарна низ различни социјални медиуми. Можете да филтрирате по содржина (видео, артикли и сл.) по датум, па дури и по земја и јазик. Може да пронајдете кои се клучните луѓе во вашиот пазарен сегмент. Исто така, можете да пронајдете и потенцијални партнери за споделување на содржина (Да, и тоа го има! )
Убавината на BuzzSumo е во тоа што имате функционалност со бесплатната верзија која колку-толку врши работа кога се во прашање гореспоменатите работи, но за дополнителни функионалности ќе треба да платите минимум 99$ месечно. Иако станува збор за cool функционалности, аларми, извештаи, споредба на домаини и сл, за почеток имате и тоа каква функционалност.
Ако ви се допадна овој пост, посетете ја серијата на микро постови на овој линк. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со вашите пријатели.