Брендот за мебел IKEA ја лансираше својата прва реклама создадена во соработка со креативната агенција Virtue, откако агенцијата ги презеде водечките креативни должности за шведскиот бренд.
Рекламата беше режирана за време на карантинот и воопшто не се „срами“ од него, туку напротив – бара инспирација во новата нормала предизвикана од пандемијата.
Спотот, насловен „Пронајдете позелен ритам“ ја нагласува меѓусебната зависност на смејствата и нивните домови, охрабруваќи ги луѓето да пронајдат нов и поодржлив начин на живот – секако преку производите на ИКЕА.
Кампањата е наменета за европскиот пазар.