Инспирирани од победите во Русија и како долгогодишен спонзор на ФИФА Светското фудбалско првенство, Кока Кола одлучи со верните навивачи да ги прослави резултатите на хрватскиот национален фудбалски тим
Додека Хрватска со нетрпение го очекува почетокот на натпреварот во Сочи во кој ќе се бори за финале на Светското фудбалско првенство, Кока Кола Хрватска и McCann Загреб направија интересен подвиг и за помалку од 48 часа од иницијалното брифирање до финалната реализација, на нацијата им безбедија нови моменти на неверојатно задоволство и потсетувања на претходните големи победи на Хрватска на Мундијалот.
“Инспирирани од победите во Русија и како долгогодишен спонзор на ФИФА Светското фудбалско првенство, Кока Кола одлучи заедно со верните навивачи да ги прослави резултатите на хрватската фудбалска репрезентација. Лансиравме специјални фудбалски шишиња и направивме четири етикети на кои се прикажани резултатите од сите натпревари на нашата репрезентација досега. Звучи едноставно, но ако се сетите дека последниот натпревар беше пред неколку дена, тешко е да се замисли колку труд беше потребен од сите партнери во процесот за уште во четвртокот да успееме да ги ставиме на пазарот. Сите луѓе кои работеа на проектот функционираа како одличен тим – од маркетинг, производство, агенција, до секој човек во дистрибуција и продажба – баш како и момците на теренот за време на секој натпревар. Веруваме дека ова не се последните етикети во оваа линија и со нетрпение ги очекуваме следните натпревари! – изјави Весна Влаховиќ Дашиќ, маркетинг директор на Coca-Cola Adria (Хрватска, БиХ и Словенија).