#PricelessWave ги поврзува фудбалерите и навивачите и претставува незаборавно искуство за секој кој сака да го поддржи својот омилен фудбалски тим
Покрај тоа што се подготвува да го сруши светскиот рекорд со најголемиот славенички дигитален „бран“ досега создаден на социјалните медиуми, Мастеркард уште еднаш покажува како топката може да ја разбуди навивачката искра кај секој од нас и да не` поттикне да го славиме најдоброто што може да го понуди фудбалот.
За прв пат четвртфиналето, полуфиналето и финалето од УЕФА Лигата на шампионите ќе се играат како двонеделен турнир, а се очекува милиони навивачи ширум светот да ги следат натпреварите преку ТВ или преноси во живо од нивните домови.
Раџа Раџманар, директор за маркетинг и комуникации во Мастеркард, вели: „Знаеме како за љубителте на фудбалот,топката може да предизвика нешто непроценливо – од возбуда кога омилениот играч постигнува гол, до чиста радост поради самиот натправар. На почетокот на пандемијата, моравме брзо да се свртиме кон дигиталните искуства за да покажеме колку е променливо опкружувањето во кое живееме. Поканувајќи ги навивачите да учествуваат во креирање на најголемиот дигитален бран, ги потсетуваме сите љубители на фудбалот ширум светот дека оваа игра може да предизвика глобална прослава, дури и кога сме далеку едни од други, што е навистина бесценето. Со оваа кампања сакаме да ги поврземе навивачите со нивната страст кон спортот, нивните фудбалски херои, обезбедувајќи им незаборавно искуство од удобноста на домот. Како технолошки иноватор, Мастеркард секогаш настојува да постави нови трендови, а на фановите на најважната споредна работа на светот да им обезбедиме навистина незаборавно искуство“.
Стремежот да се формира најголемиот дигитален бран во светот и со тоа да се обезбеди можност навивачите ширум светот да ја прослават својата љубов кон спортот е зајакната со партнерство со најбрзорастечката социјална платформа во светот, TikTok, а последователно ќе се прошири и на други платформи вклучувајќи Инстаграм и Фејсбук. Предизвикот #PricelessWave ќе го започнат фудбалските легенди Фернандо Торес и Марсел Десали, кои ќе ги охрабрат навивачите да го продолжат бранот.
Фановите можат да учествуваат во предизвикот #PricelessWave со снимање видеа на TikTok каде е поставен предизвикот. Подигајќи ги рацете од дното до горниот дел на екранот, учесниците се наградуваат со фудбалскиот звук на Мастеркард и славенички конфети. Звучниот идентитетот на Мастеркард ќе го подобри искуството на обожавателите на TikTok и ќе им овозможи да ги поддржат своите омилени фудбалски тимови и играчи за време на натпреварите.
Снимете го вашиот славечки бран, поддржете го тимот за кого навивате и придружете се на Тик Ток предизвикот на Мастеркард #PricelessWave на: https://www.tiktok.com/tag/pricelesswave
За време на УЕФА Лигата на шампионите, посетете ја платформата Priceless.com, каде имате можност да стекнете непроценливо искуство со голем број фудбалски легенди, но, исто така, да слушнете ексклузивни приказни за тоа како топката ги промени нивните животи.