Сарма или паста? Вињак или прошеко? Гоблен или графика? Опинци или балетанки? А зошто не и едното и другото? Дали глобалното го исклучува локалното, и може ли традиционалното и модерното да одат рака под рака?
Одговор на горенаведеното прашање даде новата кампања на McCann Белград за брендот Coca-Cola која наместо „версус“, ги помири печатениот и рачно плетениот, односно ткаениот билборд. Возбудливи проекти настануваат кога се преплетуваат наизглед неспоиви категории во што успееја креативците од агенцијата McCann Белград, осмислувајќи ја оваа кампања. Светски познатиот бренд чиешто лого го знае цела планета, со уште еден пример покажа дека за да се биде голем значи да се препознаат вистинските културни и локални вредности.
“Вкусовите, текстурата, боите, мирисите и пределите на оваа кампања ни даваат единствено чувство – чувство на припадност и покажуваат како еден светски бренд може и сака да учествува во промоција и зачувување на локалното културно наследство” вели Дубравка Петровиќ, Associate Creative Director на агенцијата McCann Белград.
Кампањата е одличен пример како медиумите можат да се користат на иновативен и неконвенционален начин, а истовремено креативен и добро осмислен. Медиумите можат “креативно“ да се користат на повеќе начини, од користење на постоечките канали на невообичаен начин, измислување на нови формати, или најефикасно, со комбинирање на различни канали и формати, со што се добива идеален микс. Оваа кампања претставува успешен пример на користење на класичен канал како што е билбордот со нестандарден формат на плетен, односно ткаен билборд.
Волнениот билборд со препознатливи мотиви од златиборските пасишта, борови и јадења, е прва, но не и единствена рачна изработка од овај формат. После плетениот, не очекува и рачно ткаен билборд, на пиротските разбои. Од пиротските орнаменти на жабчињаа и змејови, како уште се нарекуваат шарите од Пирот и под расцветаните бордури, провејува логото на Coca-Cola со нож и вилушка. Реализацијата на проектот ја помогнаа златиборските плетачки Мира Лекиќ, Нена Ходак и Оливера Савиќ, кои билбордот речиси два месеци го плетеле и везеле со традиционална техника, а по нацртот на дизајнерките Лидија Миловановиќ и Кристина Јовановиќ.
Рачно изработените билборди се живописна најава на големиот Coca-Cola гастрономски серијал кој ги открива и оживува не само древнте занаети, туку и старите речиси заборавени рецепти собрани од сите четири страни на Србија. Серијалот од 12 епизоди “Незаборавните вкусови на Србија” ќе помине низ автентичните кујни на вредните жени кои знаат како се прават оригинални српски специјалитети. Coca-Cola со овај серијал ја претставува традиционалната, но и модерната верзија на јадењата прилагодени на денешното темпо на живот.