Модните брендови Gucci и The North Face пред неколку месеци најавија соработка во создавањето на заедничка колекција, а сега објавија реклама со која даваат првичен увид во она што може да се очекува – планинарска опрема својстевна за The North Face, со бои и дезени својствени за Gucci.
Имено, во видеото гледаме најразлични модни парчиња, аксесоари и практични додатоци како ранци, шатори и вреќи за спиење, за кои со голема доза на сигурност може да се каже дека нема да се вклопат во природната околина – освен доколку не се работи за некоја цветна ливада. Во суштина, колекцијата е одлична за момци и девојки со урбан и ретро стил кои поради пандемиските услови се решиле повеќе да се посветат на планинарењето и „големата дивина“.
Важно за истакнување е дека колекцијата не е поврзана со природата само декларативно, туку и практично, имајќи на ум дека за нејзина креација е употребен еколошкиот најлонски материјал Econyl, создаден од рециклирани материјали.
Новата колекција на Gucci и The North Face треба да се појави во продажба на почетокот од јануари.