Новата neXt JOY кампања со својот уникатен формат носи освежување во секоја смисла. Покрај стандардните канали за комуникација, на социјалните мрежи претставува и вистинска играна серија која што се емитува на Инстаграм. Кампањата е креирана од тимот на агенцијата McCann Белград, поместувајќи ги границите на креативност на дигиталните канали во желбата да се пристапи кон целната група на иновативен начин.
IGTV серијата neXt JOY се состои од 5 епизоди и ги следи различните животни ситуации на 5 средношколци чии карактеристики се опишани преку 5 нови вкусови на neXt JOY. Дејството на серијата го следи дејството на ТВ рекламата, го надградува, го развива и го носи во неочекувана насока. Првата епизода од серијата за помалку од 24 часа имаше повеќе од 10.000 прегледи.
“Највозбудливото нешто во врска со оваа кампања е тоа што е пионерска во секоја смисла. Вертикален формат, играна форма на драмска серија, IGTV како медиум, сите имаат свои условности кои што ги комбиниравме и се обидовме да ги искористиме како предност. Постои фама за овие „мистериозни и страшни“ млади луѓе, за кои секој знае нешто, но никој не е сосема сигурен што знае, бидејќи тие постојано се менуваат. Нив треба да ги заинтересираме и забавуваме во тоа малку време што ќе ни го посветат. Она што сигурно го знаеме е дека тие имаат исти стравови и бараат одговори на истите прашања што секој од нас си ги поставил себе си и веројатно на некој начин продолжува да го прави тоа. Затоа можеме да ги разбереме и затоа, со нивна помош, успеавме да ги раскажеме овие приказни“, додава Владимир Симиќ, креативен директор на ТВ и видео, McCann Белград.
Своите впечатоци ги сподели и режисерката Јелена Гавриловиќ: „Целото искуство за работа на серијата neXt Joy #SamoProbaj беше возбудливо! Продукцијата Tuna Fish и јас уживавме во секој чекор од процесот, од почеток до самиот крај. Кастингот беше дефинитивно најважниот дел. Запознавме повеќе од 150 средношколци и на крајот ги избравме оние што се токму наши ликови! Хемијата меѓу овие млади луѓе се чувствуваше истиот час, тие станаа тим и беше фантастично да се види како и самите придонесуваат за создавање на ликовите и сцените што ги толкуваат. Мислам дека серијата е оригинална и дека може да ги развесели сите, без оглед на возраста. Исто така, може да биде инспирација за средношколците да направат свои епизоди, што е најубавиот дел од приказната“.