Од креативната лабораторија на тимот на Weekend Media Festival доаѓа регионалната конференција Women’s Weekend
По прв пат во хрватскиот град Ријека, од 9 до 11 март 2023, ќе се соберат истакнати имиња од регионалната и светската комуникациска сцена со цел поврзување и зајакнување на жените, како и давање придонес кон реализација на вистински напредок во наоѓањето одговори за отворените прашања.
Преку бројни предавања, панели, работилници и разговори еден на еден, ќе слушнеме инспиративни приказни на водечки креатори на мислење како германската политичка економистка Маја Гепел, словенечката социолог Рената Салецл, српската актерка Милена Радуловиќ и многу други.
Учесниците на конференцијата исто така ќе уживаат во слободно време со концерти, забава, дружење и релаксација во велнес центарот на Hilton Costabella Rijeka Spa & Beach Resort.
Посетете го линкот за пријавување и обезбедете го вашето место на првиот Women’s Weekend со купување билети по специјална понуда од 1+1 до 1 февруари!