Програмата за организациска култура и лидерство според Brendfulness методот ги вклучува следните теми: Визуелен идентитет, Комуникациска култура, Организациска култура, Brendfulness методологија и принципи на лидерство
Маркетинг и ПР агенцијата Dhar media, која е посветена на промовирање на организациската култура во сите нејзини 12 години работење, ја основа првата бизнис школа за организациска култура и лидерство во Хрватска. Со цел уште посилно и погласно да зборуваат и да едуцираат за организациската култура која што пред се` започнува во самите нив – кај нивните вработени и во тимот, тие одлучија на некој начин да го споделат своето знаење со другите.
„Повеќе од кога било, денес треба да се прилагодиме за да бидеме во чекор со промените и предизвиците што ги носи работата. И не само работата – пред се` односите. Односите се она што не` прават добри, сложни и компактни. Тие се оние кои ќе го обојат нашиот работен ден. Енергијата што владее во еден тим треба да може да одговори на потребите на клиентите, како работата би течела непречено и без голем стрес. Нашиот тим во Dhar media е во предност во сето тоа, бидејќи долги години уживаме во привилегиите на Brendfulness методот“, изјави Леа Брезар, извршен директор на Dhar media.
Бизнис школата е наменета за сопственици, менаџери, лидери на тимови и сите вработени во мали, средни и големи компании кои сакаат да се подобрат во областа на менаџментот и да ја стават компанијата на цврста основа на организациска култура.
Програмата за организациска култура и лидерство според Brendfulness методот вклучува:
– Визуелен идентитет
– Култура на комуникација
– Организациска култура
– Brendfulness методологија и принципи на управување
Почетокот на професионална обука за менаџер на организациска култура и лидерство според Brandfulness методот ќе започне во есента 2022 година. Предавачи ќе бидат експерти за организациска култура и лидерство, комуникации и односи со јавноста, уметност и дизајн, а ќе има и гостински предавања од познати автори и говорници. Предвиден број на часови за една академска година на студирање е 150, а по завршувањето, учесниците ќе добијат формално образование со соодветна диплома за завршени студии.
„Методот Brendfulness е метод кој ги комбинира комуникациските вештини, знаењата за модерно управување со компаниите, автентичната креативност и стекнатото искуство во имплементација на деловната култура. Dhar media имаат визија и чувство за формирање на ново ниво на работење што се наметнува во време кога многу од она што е познато едноставно повеќе не вреди “, објасни Зринка Јездиќ, раководител за истражување и развој на Институтот за ароматерапија – Аромавита.
Dhar media веќе повеќе години работи според Brendfulness методот, што е исто така една од темите на бизнис школата. Brendfulness методот е применлив за сите организации и се базира на свесноста за живеење во моментот и слушање на другата страна, што решава многу предизвици кои ги наметнува работата. Пред неколку години, тие го основаа магазинот за организациска култура и лидерство BRENDfulness, во кое објавуваат авторски текстови, интервјуа и колумни од експерти во оваа област и ги претставуваат компаниите кои ја негуваат културата на лидерство и се грижат за организацијата во рамките на компанијата.
Повеќе информации за програмата и запишувањето можете да пронајдете на официјалната страна на школата. Поставете организациска култура во вашата компанија и научете да бидете лидери!