Digital Design Days за прв пат се одржа во 2016 година во Милано, но оваа година фестивалот започнува глобална турнеја, а прва станица е Женева од 11 февруари до 13 февруари
Од 2016 година, фестивалот Digital Design Days се одржува секоја година во Милано со исклучителен успех. Овој фестивал може да се пофали со над 5500 учесници од 63 земји, а големиот успех и големата популарност ги обврзаа организаторите да започнат глобална турнеја. Одлуката за првата станица оваа година падна на Женева, по што фестивалот ќе го посети и Хонг Конг.
DDD ги собира најнапредните дигитални компании во светот од оваа област и дава можност за инспирација, размена на искуства и учење како дигиталниот дизајн може да им помогне на компаниите да се развиваат, да бидат иновативни и да ја подигнат нивната комуникација на повисоко ниво.
Од 11 до 13 февруари 2019 година Digital Design Days ќе се одржи во La HEAD, Женевската школа за уметност и дизајн.
Digital Design Days во партнерство со Агенцијата Buzz Brothers ќе ги донесе во Женева најдобрите креативни умови во светот кои ќе дискутираат за дигиталниот дизајн, со богата програма од предавања, работилници, дигитални инсталации, вмрежување и забава.
Дознајте повеќе за овој уникатен настан на www.ddd.ge и резервирајте ја вашата можност да ги видите и слушнете некои од најинспиративните содржини на фестивалската понуда оваа година.