Веб страницата за животен стил LittleThings најави затворање, а за својот изненаден крах ги обвинува исклучиво последните промени што Фејсбук ги воведе во својот алгоритам.
Овој издавач стана славен на грбот на оваа социјална мрежа, откако на оваа платформа собра значајна публика од преку 12 милиони следбници и привлекува секој месец и до 50 милиони посетители. LittleThings изјави дека неодамнешната одлука на Фејсбук за намалување на видливоста на вестите и спонзорираните содржини во корист на содржините објавени од страна на пријателите и семејствата, доведе до целосен колапс на нивниот бизнис модел.
Извршниот директор на оваа компанија, Џо Спејсер, изјави дека Фејсбук избришал 75% од органскиот промет со само еден потег и со тоа колабираше и профитот на оваа фирма, правејќи ја целосно неодржлива.
Во соопштението во кое ја објаснува ситуацијата, Спејсер го вели: “Нашиот органски и инфлуенсер промет се намали за повеќе од 75%. Ниту една претходна промена на алгоритмот никогаш не била ниту близу до овој степен на деструктивност. Тоа нас не доведена во безизлезна ситуација. Компаниите кои беа заинтересирани да го купат LittleThings се исплашија и веднаш излегоа од процесот на продажба, оставајќи ги на милост и немилост, што конечно донесоа брз крај на нашата неверојатна приказна “.