Јубилејното 10-то издание на Webit.Festival Европа, ќе биде одржано од 25ти до 27ми јуни годинава во Софија, Бугарија. Фестивалот кој важи за еден од највлијателните собири и форуми за иновации, политика, инвестиции, дигитална економија и претприемништво, на едно место ќе ги спои водечките светски бизнис лидери и иноватори, инвеститори но и политичари, комисионери, премиери и министри од Европа.
“Со нетрпение очекувам да Ве сретнам на Febit.Festival Европа во Софија – дигиталниот главен град. Јас сум среќна што ќе имам прилика да се поврзам со преку 7000 посетители кои ќе ја ре-обмислат иднината на европа заедно“ – вели Софија, во нејзиното видео обраќање.
Иначе Софија (Sophia) е робот и тоа најнапреден робот на Hanson Robotics. Таа може да симулира цел спектрум на експресии на лицето и е целосно контектирана и интерактивна што и дозволува да препознава лица, да ги гледа луѓето во очи и да има природна конверзација со нив.
Софија досега направила многубројни интервјуа и веќе станува позната медиумска личност која на нејзиниот CNBC online настап успеа да привлечи околу еден милион интеракции.
Оваа година, Софија ќе биде специјален гостин на 10-тото издание на Webit.Festival Европа.
Покрај неа, досега како потврдени гости и спикери се и добитникот на Нобелова награда – Tawakkol Karman, Долгогодишниот извршен директор на Публицис Група – Maurice Levy, комесарот за истражување и наука – Проф. Udo Helmbrecht, Sarah Burrow – генерален секретар на меѓународната трговска конфедерација, Matt Brittin, претседател на EMEA Business and Operation во Google, Andy Tsao – првиот човек на Sillicon Valley Bank и уште многу други.
Фестивалот ќе има 10 паралелни тематски конференции (самити) кои ќе обрнат внимание на теми како иднината на здравствената заштита, дигиталните вештини и едукацијата, технологијата воопшто, жените во бизнисот, медиумите во 21-виот век и други.
За повеќе информации и карти за фестивалот, посетете го овој ЛИНК.