Компанијата за безалкохолни пијалаци Coca-Cola одлучи да го додели договорот за медиско и податочно работење во Северна Америка на агенциската групација Publicis, преземајќи го од досегашниот партнер – групацијата WPP.
Резултатот доаѓа откако компанијата за пијалаци одржа ревизија зад затворени врати со двете агенциски групации. Пред три и пол години, британската WPP го освои глобалниот договор на Coca-Cola вреден околу 4 милијарди долари, а француската групација Publicis тогаш се најде на втората позиција.
Сегашната ревизија се фокусирала само на медиското планирање и закуп на компанијата за пазарот во Северна Америка, каде што минатата година Coca-Cola вложила околу 785 милиони долари за огласување.
Од Coca-Cola посочуваат дека WPP останува нивен „глобален маркетинг партнер“, додавајќи го Publicis како „комплементарен партнер“ за медискиот бизнис во САД и Канада.