Publicis Groupe го освои глобалниот медиски договор за PayPal по повеќестрано наддавање, со што заврши ангажманот на GroupM (WPP) во однос на овој клиент – пренесува адвертајзинг магазинот Ad Age.
Оваа победа се надоврзува на серијата нови успеси на Publicis Groupe во 2025 година, дополнувајќи ја листата на неодамнешни глобални медиски клиенти како Mars, Coca-Cola и Paramount, кои ја зајакнуваат позицијата на француската холдинг компанија на глобалната огласувачка сцена.
GroupM на WPP управуваше со медиското планирање и закуп за PayPal од крајот на 2023 година, но според достапните информации, самата агенција решила да се повлече од договорот со цел да се насочи кон други стратешки можности.
Оваа промена доаѓа во време кога PayPal интензивно го проширува својот огласувачки оддел, PayPal Ads, со намера да ја искористи својата база на податоци од трансакции и да се позиционира во сè поактуелниот сектор на т.н. малопродажни медиуми („retail media“).