Агенциската мрежа Publicis Groupe го назначи Магнус Џаба, досегашен глобален претседател на Saatchi & Saatchi (дел од групацијата), за нов глобален генерален директор за клиенти (Global Chief Client Officer).
Џаба го наследува Рос Кинг, кој се приклучи нa Publicis Groupe од Lloyds Banking Group во 2019 година како извршен потпретседател и глобален директор за клиенти. По повлекувањето, Кинг ќе остане во групацијата да помогне во „развојот и менторирањето на следната генерација на лидери“.
Како глобален директор за клиенти, Џаба ја презема одговорноста за „координирање и обезбедување непречен пристап“ на глобалните клиенти до услугите на Publicis во сферите на креативноста, медиумите, технологијата и податоците.
Покрај досегашен претседател на Saatchi & Saatchi, Магнус Џаба истовремено ја извршуваше и улогата на извршен директор за креативни практики во Publicis Groupe за Обединетото Кралство, актуелен претседател на здружението Маркетинг групација на Велика Британија и член на Панелот за еднаквост при англиската фудбалска Премиер Лига.