Француската маркетинг групација Publicis Groupe го соопшти назначувањето на Џеф Калабрез за нов генерален комерцијален директор.
Во неговата нова улога, Калабрез ќе ги надгледува комерцијалните ангажмани на клиентите во рамки на новите и постоечките партнерства на групацијата и притоа ќе биде одговорен за развој и испорака на комерцијални договори дизајнирани да им обезбедат на клиентите зголемена вредност, ефективност и ефикасност.
Обединувајќи го неговото богато искуство со експертизата и влијанието на групацијата Publicis, Калабрез ќе може да се посвети на развојот на нови комерцијални модели за иднината, кои ќе опфааат сè – од агенциски надоместоци, до стимулации за изведба, гаранции за медиумска вредност и интеграција на технологија и алатки кои ги вклучуваат придобивките на вештачка интелигенција.
Почнувајќи од пролетта 2025 година, Калабрез за својата работа ќе ги известува Дејв Пенски, извршен директор Connected Media и член на извршниот комитет на Publicis Groupe, и Лу Роси, генерален финансиски директор на Connected Media.
„Среќни сме што му посакуваме добредојде на Џеф во Publicis. Во овој сè повеќе фрагментиран медиумски пејзаж, влијанието и лидерството на Џеф ќе бидат од голема важност додека ја градиме иднината на маркетингот заснован на резултати, водејќи сметка за големи инвестициски договори и преговори кои опфаќаат врвни брендови и партнери. Неговото лидерство само ќе ја забрза и ќе ја унапреди нашата способност да им ги понудиме најдобрите можности на клиентите и да ги максимизираме нивните инвестиции низ сите медиумски канали, поддржани од најдобрите податоци во својата класа“ – истакнува Дејв Пенски, извршен директор на Connected Media при Publicis Groupe.