Француската адвертајзинг групација Publicis Groupe соопшти дека постигнала договор за стекнување на Lotame, водечка меѓународна агенција за податочни и идентификациски решенија во сферата на дигиталниот маркетинг.
Lotame има изградено обемна датабаза на дигитални идентитети која опфаќа 109 земји, добиени врз податоци од над 100 извори. Нивната релевантна и адресибилна публика вклучува над 1,6 милијарди дигитални идентитети, до која со голема прецизност можат да допрат повеќе од 4,000 водечки брендови и издавачи во светот.
Комбинираната датабаза на дигитални идентитети на Lotame и Publicis Groupe ќе вклучува над 2,3 милијарди профили ширум светот, овозможувајќи им на клиентите на групацијата да допрат до 91% од возрасните интернет корисници преку персонализирани пораки со уште поголема прецизност.
Аквизицијата на Lotame претставува дел од ажурираната и обемна стратегија на Publicis Groupe за развој и примена на вештачката интелигенција во огласувачки цели, која преку видео-презентација неодамна ја претстави генералниот извршен директор Артур Садун. Неговата презентација можете да ја проследите во продолжение: