Француската адвертајинг групација Publicis Groupe постигнала договор за купување на BR Media Group, најголемата компанија за инфлуенсерски маркетинг во Латинска Америка, со мрежа од над 500.000 креатори, вклучувајќи 80% од водечките инфлуенсери во регионот.
Основана во 2012 година и со седиште во Бразил, BR Media Group е партнер со повеќе од 500 глобални и локални клиенти. Компанијата е присутна на секој чекор од синџирот на вредности на креаторите на содржини, овозможувајќи им на брендовите да планираат и активираат 80% од водечките инфлуенсери во Латинска Америка или да ја искористат моќта на микро и нано инфлуенсерите во специфични области.
Оваа аквизиција го означува најновиот чекор во амбицијата на Publicis да го зајакне својот статус во Латинска Америка. Со стекнувањето на Retargetly во 2022 година за да го зголеми и прошири досегот на CoreID на Epsilon, потоа водечката технолошка компанија Practica за да ја зголеми експертизата на Publicis Sapient, а сега BR Media за да ја зајакне интегрираната медиумска понуда на групацијата, Publicis е соодветно позициониран да испорача маркетинг решенија и деловна трансформација за своите клиенти низ целиот латиноамерикански регион.
„Латинска Америка е многу важен пазар, како за нашите клиенти, така и за Publicis. Нашите активности таму донесоа двоцифрен раст минатата година и значајно ќе придонесат за нашите перформанси во 2025 година. Но, ние не стоиме во место. Возбуден сум што можам да му посакам добредојде на Селсо Рибеиро и неговите извонредни тимови на BR Media Group во Publicis. Заедно, го градиме единственото сеопфатно решение за креатори на содржини во регионот, поттикнато од податоците на Epsilon и вградено во нашиот уникатен медиумски екосистем. Во момент кога индустријата е фокусирана на заштеда на трошоци, ние инвестираме за нашите клиенти во иновативни производи и услуги кои ќе ја забрзаат нивната диференцијација и раст. Го зацврствуваме нашиот статус како “Category of One” за да продолжиме да го револуционираме секторот во секој еден од регионите каде сме присутни“ – истакнува Артур Садун, претседател и генерален извршен директор на Publicis Groupe.
Селсо Рибеиро, ко-основач и извршен директор на BR Media додава: „Возбудени сме што се придружуваме на Publicis Groupe, лидер кој ја препознава моќта на инфлуенсерскиот маркетинг и постојано се позиционира во првите редови на индустријата. Медиумската сила, креативната огнена моќ и способностите на Групацијата водени од податоци ќе ја зајакнат нашата способност да испорачаме вредност на нашите клиенти, создавајќи невидени можности за поврзување на брендовите и заедниците на автентичен и стратешки начин“.
Договорот е предмет на исполнување на вообичаените услови за финализирање, вклучувајќи ги регулаторните одобренија на бразилските власти.