По годината во која Publicis постигнаа многу први места – прво место по органски раст, прво по сите финансиски KPIs, прво по нов бизнис, прво по ESG, за да станат први во индустријата по пазарна вредност – групацијата сакаше да ги стави своите вработени на прво место и да им се заблагодари еден по еден, за помошта што им ја дале за осигурување на првото место во 2023 година.
Затоа, новата 2024 година, компанијата одлучи да ја започне не со еден филм за Новогодишни желби, туку со 100.000 филмови. По еден за секој член од тимот на Publicis.
Во првиот експеримент од ваков вид, од Publicis се обидоа да ги поместат границите на AI генерираните видеа, раскажувањето и персонализацијата на највисокото можно ниво, па така вообичаената новогодишна порака од Генералниот Директор, Артур Садун, има невообичаен пресврт кога во кадарот ќе му се приклучат неговиот AI близнак, AI Directoire+ и AI Maurice.
Благодарение на способноста да соберат и поврзат информации за своите луѓе преку нивната платформа Marcel, на секому што работи во Publicis и кој придонел кон нивниот раст и успех, му била испратена персонализирана благодарница релевантна за нивните интереси и желби. А покрај тоа, Карла, Дејв, Агата, Нејџел, па дури и Маурис, изгледа дека стекнале некои сосема нови вештини.
За да видите како персонализираните видеа соодветствуваат на вистинскиот јазик, на вистинскиот лидер и на вистинските интереси на една личност, низ 100.000 уникатни филмови, во продолжение ви прикажуваме 5 различни примери.
Погледнете како Карла и Артур ѝ се заблагодаруваат на Ева, спортскиот Groupe Managing partner која живее во Австрија.
Погледнете како Маурис и Артур му се заблагодаруваат на Габи, авантуристичкиот Business Lead од Сао Паоло.
Погледнете како Најџел и Артур му се заблагодаруваат на Јури, дизајнерот од Publicis Sapient со потекло од Сеул инспириран од танц, гимнастика и уметност.
Погледнете како Агата и Артур ѝ се заблагодаруваат на Лаура, мултилингвистичкиот Директор за човечки искуства од Париз, со голема страст за видео игрите како и уживање во природата.
Погледнете како Дејв и Артур му се заблагодаруваат на Тони, EVP во Publicis Media, кој живее во Канада и сака патувања, спортови на вода и паркур.