Агенциската групација Publicis Groupe ја купи аналитичката платформа за е-трговија Profitero по цена од околу 200 милиони евра (210 милиони долари).
Купувањето на Profitero е дел од визијата на групацијата за проширување на своите услуги и развој на интегрирана трговска платформа, при што Profitero ќе им помага на клиентите да ги оптимизираат своите онлајн каталози на производи.
Profitero е софтверска компанија основана во 2010 година, која има канцеларии во Бостон, Лондон и Шангај. Нејзината дејност е да анализира резултати од пребарувања и страници на производи на повеќе од 700 веб-сајтови за трговија во 50 држави низ светот.
Пред купувањето од Publicis, компанијата Profitero успеала да собере инвестиции во вредност од околу 48.7 милиони долари и денес има околу 300 вработени.
Компанијата соработува со брендови како Bose, General Mills, Kraft Heinz, Pernod Ricard и L’Oreal, со цел да ја унапреди профитабилноста на нивната онлајн трговија.