Publicis Groupe е најновата холдинг компанија која склучи глобален партнерски договор со социјалната мрежа TikTok.
Благодарение на овој договор, клиентите на Publicis Groupe ќе добиваат ран пристап за да ги тестираат новите сервиси за е-трговија на TikTok и ќе добиваат пристап до ексклузивни истражувања во однос на „социјалната трговија“ (social commerce) т.е. електронската трговијата која се остварува преку социјалните мрежи.
Групацијата исто така ќе учествува во инкубаторска програма наречена “Community Commerce Sprint”, која на брендовите и нивните кампањи на TikTok ќе им нуди вредни информации пред почетокот на празничната зона за пазарење.
Партнерството доаѓа во време кога TikTok целосно се насочува кон социјалната трговија. Минатата година, социјалната мрежа склучи партнерство со платформата за е-трговија Shopify, овозможувајќи им на корисниците да купуваат директно преку апликацијата.
TikTok има склучено партнерство и со WPP со цел овозможување ран пристап до нови производи, како и партнерство за безбедносни иницијативи. Платформата исто таа има партнерство со IPG Mediabrands со фокус врз креаторите на содржини.
TikTok своето прво партнерство со американска компанија го склучи минатиот ноември, кога на Horizon Media ѝ овозможи прв поглед на нови производи, медиски стимулации и развој на заеднички производи.