Групација го оживува своето минато со вештачка интелигенција и иновации, за да го прослави првото столетие и да ги трасира наредните 100 години
Од своите почетоци во 1926 година како мала, креативна агенција на Монтмартр, до својата меѓународна експанзија, преку прифаќање и имплементација на податоци и технологии, до денешната позиција на водечка Групација во индустријата, Publicis помина низ повеќе трансформации во изминативе 100 години.
Но, една традиција не се промени: годишните желби.
А за да се најави новиот век, кој подобро може тоа да го направи од Publicis Conseil, агенцијата создадена од основачот Marcel Bleustein Blanchet?
Преку спој на акција снимена во живо и глумци, заедно со најновите трендови во продукцијата со вештачката интелигенција, кои доаѓаат од сопствените платформи и алатки на Групацијата, раскажуваme приказна за пионерскиот дух, бескрајните иновации и отпорноста што овозможија да издржиме војна, пожар, економски падови, технолошки револуции и глобална пандемија, во нашите први сто години. Позиционирајќи не како некој кој треба да продолжи да ја води и трансформира индустријата, додека навлегуваме во нашето следно столетие – што и да носи тоа.
Приказната за Publicis Groupe и лавот (симболот на Групацијата) кој никогаш не се предава може да се погледне на овој линк. Додека ексклузивниот документарец по повод 100 години Publicis, со Elizabeth Badinter, Maurice Lévy и Arthur Sadoun можете да го гледате овде.
„2026 година ќе биде многу посебна година за Publicis, бидејќи го затвараме нашето прво столетие. Еден век во кој претворивме мала креативна агенција од Монтмартр во најголемата Групација во комуникациската индустрија, во последните две години. Век во кој Групацијата се издигна од пепелта – понекогаш буквално – и тоа три пати, а се трансформираше уште многу пати. Токму овој дух на отпорност кој нè дефинира овие 100 години, е вкоренет и во нашите желби: “бидејќи лавот никогаш не се предава”.
2026 година ќе биде година кога Publicis ќе влезе во своето второ столетие, нов почеток кој несомнено ќе биде дефиниран со подемот на вештачката интелигенција. Овој филм е хумана, историска и технолошка одисеја, која ги соединува нашите најдобри креативни умови со неспоредливите способности на продукцијата со помош на вештачка интелигенција, за да го пресликаат нашето верување дека иднината на вештачката интелигенција се нашите луѓе.“ истакна Arthur Sadoun, Претседател и Генерален Директор на Publicis Groupe.
За филмот: „Лавот никогаш не се предава“
Уникатен „хибриден проект“ кој е спој на акција во живо, GenAI 2D и 3D снимања кои пресликуваат сцени од нашето минато, со намалени продукциски трошоци, и притоа отворајќи нови креативни можности.
Една четвртина од филмот е снимен во живо, додека пак остатокот е создаден со вештачка интелигенција, поткрепена од фотографии, филмови и документи од сопствените архиви на Publicis.
Се креираше огромна количина на визуелни материјали
AI креативците управуваа, архивираа и користеа над 4500 реални фотографии потребни за проектот, и со помош на вештачкaта интелигенција креираа 150 различни кадри кои беа вклучени во филмот.
Инвентивен процес на видео едитирање
Во стандардниот процес на снимање, кога ќе стигнете до фазата на монтажа, сè е веќе затворено. Додека со AI сè останува отворено: секој кадар може повторно да се измени од почеток.


















