СВЕТ – Новиот CEO на Publicis Groupe, Arthur Sadoun оваа недела го остави својот прв и тоа драматичен потег во компанијата со одлуката да им забрани на сите агенции од групата ширум светот да учествуваат на фестивалите, саемите или други платени промотивни активности повеќе од една година.
Според интерниот меморандум кој го напиша Frank Voris, CEO на Re:Sources секторот за финансиски услуги на Publicis, компанијата сака да „обезбеди 2,5% трошковна синергија за 2018 година и се надева дека таа заштеда, барем делумно ќе се оствари преку елиминирање на сите награди/саеми за наредната година.“
Во меморандумот се напоменува дека Re:Sources „нема да уествува ниту на една конференција, саем од индустријата и/или фестивали, со одлука која стапува на сила од 1 јули. Ова е задолжително и исклучоци нема да бидат одобрени. Забраната за награди/саеми важи за целата група, а не само за Re:Sources“, се наведува во меморандумот.
Веста е објавена истиот ден кога Sadoun ја најави Marcel платформата, дизајнирана да служи како AI (artificial intelligence) асистент за повеќе од 80.000 вработени во Publicis Groupe во 30 различни земји. Овај проект е опишан како „прв професионален асистент кој користи AI и технологија на машинско учење“.