Француската адвертајзинг групација Publicis Groupe ја соопшти аквизицијата на Adopt – високо специјализирана глобална агенција која им помага на брендовите да ја спојат креативноста со спортот и културата. Adopt е ко-основана во 2021 година во Портланд, САД, од поранешните директори на Nike, Дејвид Крич и Џош Мур, заедно со Рич Пол, кој има докажано портфолио во градењето и развојот на брендови кои се централни за спортската култура.

Агенцијата Adopt е специјализирана за помагање на маркетерите да се модернизираат преку брендинг стратегија, дизајн и визуелен идентитет, развој на производи, искуства и решенија што им помагаат на брендовите да воспостават автентични врски, долготрајно влијание и релевантност кај современите потрошувачи. Работата на агенцијата е широко признаена кај познати глобални брендови и некои од највлијателните спортисти и таленти во светот.
Иновативниот пристап на Adopt, заедно со искусниот тим и истакнатата мрежа на таленти, дополнително ќе ги зајакне капацитетите на Publicis Groupe да ја искористи моќта на спортистите и спортот за да ги зајакне врските меѓу иконичните и автентичните културни брендови.
Adopt ќе продолжи да биде предводена од Дејвид Крич и Џош Мур, кои заедно имаат повеќе од 50 години искуство во дизајнирањето на брендови, производи и искуства. Агенцијата отсега ќе работи како дел од Publicis Connected Media, зајакнувајќи ги своите постоечки капацитети што опфаќаат медиуми, податоци, дигитални технологии, трговија, односи со потрошувачите, инфлуенсери и многу повеќе.
„Adopt е во првите редови на креативноста, културата и човековото однесување – спојувајќи ги сите три за да испорача брендинг стратегии ориентирани кон клиентите. Нивната длабока и повеќеслојна експертиза е непроценлива за сите клиенти кои сакаат да го дефинираат и модернизираат својот бренд со брзината на културата“ – посочува Дејв Пенски, глобален извршен директор на Publicis Connected Media.