Агенциската групација Publicis Groupe го соопшти купувањето на дигиталната агенција Corra, препозната од Adobe како една од најдобрите агенции за онлајн трговија во Северна Америка.
Corra ќе стане дел од Publicis Sapient, компанијата за дигитална деловна трансформација на Publicis Groupe, а има за цел да ја зголеми постоечката експертиза на Publicis Sapient во сферата на комерцијалните решенија, вклучително и Adobe Commerce и MACH Alliance композитните комерцијални решенија, истовремено проширувајќи ја понудата на Publicis Sapient во дигиталната и омни-каналната трговија. Покрај тоа, Corra ќе донесе посветени ресурси во широкиот опсег на услуги на Publicis Sapient обединети под акронимот SPEED (стратегија, производи, искуство, инженерство и податоци и вештачка интелигенција).
Основана во 2002 година, со седиште во Њујорк и дополнителни кнацеларии во САД, Обединетото Кралство и Индија, Corra ги користи своите способности за да изгради некои од најбрзите и најфлексибилни дигитални продавници во светот за растечки брендови во сферата на малопродажбата, храната и пијалоците, технологијата и електрониката, здравјето и благосостојбата и B2B индустриите.
Publicis Sapient е Platinum Adobe партнер и седум пати ја има освоено наградата за „Партнер на годината“ за глобално дигитално искуство на Adobe, додека Corra е Gold Adobe партнер и продолжува да ја унапредува својата лидерска позиција како единствен трговски партнер кој ја освоил наградата за „Северноамерикански партнер на годината“ на Adobe Commerce дури три пати во последните години. Со преземањето на Corra, Publicis Sapient дополнително ќе се етаблира како глобален лидер во целиот пакет на производи на Adobe, покрај дополнителното зацврстување на нивните веќе водечки способности во MACH Alliance и композитните трговски решенија.
Лидерскиот тим на Corra ќе му се придружи на Publicis Sapient, при што извршниот директор Рон Бонго и неговите косопственици, технолошкиот директор Мајкл Харви и претседателката Рејчел Веир, ќе бидат дел од раководството за трговски практики на компанијата.
„Аквизицијата на Corra означува продолжување на нашата стратешка инвестиција во динамичниот трговски простор. Заедно со услугите за дигитална деловна трансформација на Publicis Sapient и импресивниот пакет на Adobe Commerce, Corra само дополнително ја зајакнува нашата уникатна способност да поврзуваме брендови преку водечките технолошки услуги и решенија во индустријата“ – посочи Артур Садун, претседател и извршен директор на Publicis Groupe.