Француската агенциска групација Publicis Groupe го соопшти назначувањето на Лорис Нолд, актуелен извршен директор за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка, како нов генерален финансиски директор на глобално ниво, почнувајќи од февруари 2024 година.
Нолд ќе го замени Мишел-Ален Проч кој ќе се повлече од функцијата во февруари, по објавувањето на финансиските резултати за цела 2023 година и откако ќе обезбеди непречена транзиција, за да преземе нова улога надвор од компанијата.
Назначувањето на Лорис Нолд треба дополнително да ја унапреди финансиската функција на Групацијата со тоа што ќе донесе единствен спој на финансиска експертиза, оперативен увид и разбирање на потребите на клиентите кон извонредниот финансиски тим кој ѝ помага на компанијата да испорача водечки финансиски резултати повеќе од 20 години.
„Лорис [Нолд] е навистина единствен: тој е оперативен лидер кој комбинира интимно знаење за нашите способности и географски региони со цврста основа во финансиската експертиза. Тој беше еден од моите најблиски партнери во трансформацијата на Publicis и среќен сум што ќе го донесе своето стратешко размислување и бизнис мајндсет на нашите глобални финансиски тимови, за да продолжат да постигнуваат извонредни резултати на пазарот во однос на растот и да испорачуваат водечки финансиски индикатори за нашите перформанси во иднустријата. Исто така, би сакал да му се заблагодарам на Мишел-Ален за сѐ што ни помогна да постигнеме и да му посакам сѐ најдобро во иднина“ – истакнува Артур Садун, претседател и генерален извршен директор на Publicis Groupe.
Досегашната улога на Нолд – генерален изршен директор за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка, ќе ја преземе Демет Икилер – актуелна оперативна директорка на Publicis за истиот регион.
Во одно на неа, Артур Садун посочува: „Демет [Икилер] е еден од најискусните и најпочитуваните лидери во индустријата и како партнер на Лорис во регионот ЕМЕА во текот на годините, таа природно го прави следниот чекор во нашата Групација. Таа ќе работи рака под рака со нашите менаџери во регионот за да продолжи да води до квалитет преку нашите најдобри средства во сферата на податоците, креативноста, медиумите и технологијата.“