Publicis One Македонија потпиша стратешки договор со Google за користење на платформите за програматски (programmatic) дигитален медиа закуп за своите клиенти.
Станува збор за ефикасна платформа за дигитален медиа закуп наменета за брендови кои се обраќaат до поширока публика, како и за брендови (производи и услуги) наменети за тесно таргетирани групи на луѓе. Со programmatic не се закупува рекламен простор како во традиционалниот маркетинг, туку се закупува публика која покажува интерес кон одреден производ или услуга“.
“Среќни сме што го носиме моментално најдоброто глобално техолошко решение за програматски (programmatic) медиа закуп на интернет во Македонија. Ќе им овозможиме на нашите клиенти да ги уживаат придобивките од programmatic, со тоа што најефективно и најефикасно нивните пораки ќе стигнат до вистинската публика, во вистинско време и на вистинско место.“ – изјави Ненад Ристовски, раководител за дигитални медиуми во Publicis One Македонија.
„Партнерството на Publicis групацијата со Google долгорочно ќе ни овозможи пристап до широка палета на стратешки алатки и платформи, кои ќе обезбедат уникатна дополнителна вредност за нашите клиенти и ќе го олеснат патот кон дигитална трансформација на нивните бaзни модели.“ – додава Ристовски. “Бенефитите ќе може да ги користат сите наши клиенти без разлика дали располагаат со помал или поголем рекламен буџет.“
„Публицис Медиа, со своите искусни тимови во двете медиумски агенции Zenith и Starcom и партнерствата обезбедени од нашата глобалнa мрежа на своите клиенти им обезбедува едиnствен квалитет во медиумскиот сервис, и со ова уште еднаш ја потврдува својата лидерска улога на дигиталниот пазар во Македонија, континуирано развивајќи и имплементирајќи иновативни решенија за клиентите„ – изјави Александра Дилевска, Извршен директор на Publicis One Македонија.
Според истражувањата, се очекува programmatic оваа година да стане доминантен метод на интернет закуп глобално, со учество од 51% од вкупниот глобален интернет закуп. Во 2016 година глобално преку programmatic платформите се инвестирани вкупно 39 милијарди долари. Предвидувањата се дека програматскиот закуп ќе расте со стапка од 28% годишно, па во 2018 вредноста на овој тип на закуп ќе изнесува 64 милијарди долари