Агенцијата Publicis One ги претстави членовите на своето раководство за Србија, номинирани од Миша Лукиќ, регионален извршен директор на Publicis One за централна и источна Европа.
За извршен директор во Србија е номиниран Анџелко Трпковиќ, а за извршен финансиски директор Бранислав Лончар, соопшти агенцијата.
Исто така пред десетина дена се случи и присоединување на Публицис Хрватска со Публицис Словенија со што беше создадена агенцијата Publicis One Slovenia & Croatia, која ќе биде раководена од Саша Лебен како CEO заедно еден од најискусните регионални креативни директори Тони Томашек, кој беше назначен за главен креативен директор на Publicis One Slovenia & Croatia.