Publicis One денес го објави своето глобално и регионално лидерство, номинирано од страна на Главниот Извршен Директор, Јарек Зебински .
Миша Лукиќ ќе го води регионот на Централна и Источна Европа како регионален Главен Извршен Директор.
Publicis One е глобална комуникациска компанија која под еден кров ги обединува сите брендови на Публицис Групацијата, како и сите можности и експертизи од 50 земји низ светот.
Со повеќе од 7.500 вработени, Publicis One е присутен со свои активности во Латинска Америка, Европа, Блискиот Исток, Африка и Азија.
“На почетокот на оваа година започна многу значајна трансформација на Публицис Групацијата, која вклучуваше и креирање на Publicis One, нова глобална комуникациска компанија. Кога го започнавме ова патување, нашата прва мисија беше да се создаде силен тим на лидери.” изјави Зебински.
Новиот тим на Publicis One се состои од искусни лидери кои го претставуваат најдоброто од Публицис Групацијата, талентирани професионалци со големо искуство од различни средини, со претприемачки начин на размислување и посветеност кон брендовите во своето работење.
Monica Gadsby е назначена за регионален Главен Извршен Директор во Латинска Америка а Joseph Piazza е именуван за регионален Главен Финансиски Директор. Nicolas Menat е назначен за регионален Главен Извршен Директор во Азија, а Ricardo Roces за регионален главен финансиски директор.
За да се обезбеди соодветно внимание на сите пазари, особено во рамките на сложениот регион на ЕМЕА (Источна Европа, Среден исток и Африка) кој што опфаќа 25 земји, назначен е Johan Parmentier за регионален Главен Извршен Директор за Бенелукс земјите, додека Миша Лукиќ доби задача да го води регионот на Централна и Источна Европа како регионален Главен Извршен Директор. Kevin Tromp е назначен за главен извршен директор за Африка. Parmentier, Лукиќ и Tromp во своето работење ќе бидат поддржани од страна на David Clark,, кој е назначен за регионален Главен Финансиски Директор за ЕМЕА.
На глобално менаџмент ниво, Alice McCreath е именуван за Главен Финансиски Директор, Maree Prendergast за Главен Директор за развој на таленти, додека Karen Lim за Директор за Комуникации.
Сите ново назначени глобални и регионални лидери на Publicis One веќе се на своите нови работни позиции и се целосно оперативни на своите пазари.
Мaurice Lévy, Претседател & CEO на Публицис Групацијата изјави, “Publicis One претставува целосно нов пристап кој ќе испорачува комплетни решенија на пазарот. Убеден сум дека под лидерство на Јарек Зебински, Publicis One ќе го испорачува најдоброто за своите клиенти, дека ќе ги привлекува најталентираните поединци и ќе нуди најдобри професионални можности, за да биде најдобрата генција на секој пазар. Имам голема доверба во тимот избран од Јарек.”
Миша Лукиќ кој ќе го води регионот на Централна и Источна Европа како регионален Главен Извршен Директор , во моментов e претседател на Управниот одбор на Publicis Groupe Србија, која ги опфаќа Leo Burnett, Saatchi & Saatchi и Publiciс.
Во текот на својата кариера која вклучува 23 годишно искуство во управување со врвни позиции, тој успешно водеше пет маркетинг комуникациски агенции во Источна Европа и на Блискиот Исток. Како еден од најистакнатите лидери во маркетинг-комуникациските индустрии во Србија и Југоисточна Европа, тој беше Извршен Директор за Балканот за две агенциски мрежи – Saatchi & Saatchi (од 1997 до 1999) и Leo Burnett (од 2000 до 2010). Misa беше есенцијален за растот на Leo Burnett во Србија и тоа 7 години по ред.
Како резултат на неговото раководство, агенциите што тој ги водеше добија награди на водечките креативни фестивали низ целиот свет, вклучувајќи ги и Cresta, Eurobest, EACA, Cannes Lions, EPICA Moscow Red, Apple, Golden Drum (најдобра агенција во Јадранскиот регион). Misa е најмладиот лауреат и добитник на наградата Life Achievement Award (UEPS), победник на Marketing Person of the Year Serbia | Leader in Creative Thinking in Serbia 2013 | Top 100 most successful Managers in Serbia (2009) и Top 100 Business Leaders of South-East Europe – Summit 100 (2011/2014).