После WPP и Interpublic Group, француската холдинг-компанија Publicis Groupe е третата голема агенциска групација која ги стопира своите операции во Русија, како реакција на руската инвазија на Украина.
Одлуката вклучува прекин на сите деловни операции и сите инвестиции на Publicis во Русија, што ќе се одрази врз околу 1200 вработени ширум државата.
Publicis ќе ја префрли сопственоста на своите агенции на локален менаџерски тим, на чело со Сергеј Коптев – поранешен основач на Publicis во Русија. Притоа, договорот вклучува јасен услов да се обезбеди иднина за тамошните вработени.
Од Publicis Groupe исто така посочија дека секојдневно се во личен контакт со сите 350 вработени во Украина, нудејќи им логистичка и финансиска поддршка.