Позитивните впечатоци од настанот на Скопско, по повод јубилејниот 100-ти роденден не стивнуваат. Дури и една недела по настанот се споделуваат видеа, фотографии, еуфорично коментирајќи дека Скопје доживеа неверојатна вечер, спектакл невиден досега во нашиот главен град. Над 50.000 луѓе од различни генерации уживаа во повеќе од 6 часовна музичка програма, збогатена со фантастични визуелни ефекти.
Ретко кој настан успеал да собере публика во толкав број, а организаторот ги заслужува сите пофалби за спектаклот кој го приреди. Покрај огнените пламени на сцената, разните светлечки ефекти, топките, алките што светат синхронизирано со музиката, шоуто со дронови се издвои како нешто невидено кај нас. Градскиот парк во Скопје, буквално беше премал да ги собере сите обожуватели на добрата музика и омиленото пиво Скопско.
Просторот околу Градскиот парк сјаеше во духот и боите на Скопско: мапирани визуелни проекции можеа да се видат на објектот MCM, пред споменикот на Гоце Делчев во самиот парк, но и кај шанковите кај што се купуваше точено пиво. Осветлена беше и големата фонтана и со тоа самиот влез на паркот изгледаше спектакуларно. Во централниот дел на прославата беше поставена специјална инсталација од 600 буриња кои го формираа бројот 100, како и голема коцка (5х5м) на која се проектираше историјата на Скопско, исто така преку 3D мапинг. Роденденот на Скопско беше целосно и апсолутно незаборавно искуство кое долго ќе се памети.
Активностите околу големиот јубилеј на Скопско ги водеше агенцијата Публицис Скопје, која се погрижи целото лето да помине во знакот на омиленото пиво на Македонците. За „загревање“ беше организирана патувачка гајба што помина 7 различни градови и ја донесе забавата поблиску до сите граѓани, за да ги потсети дека Скопско е секаде каде што се тие. Патувачката гајба всушност беше патувачки интерактивен музеј, во кој посетителите можеа да дознаат повеќе за процесот како се произведува Скопско, за неговите карактеристики, за неговата традиција…
Богатата музичка програма беше надополнета и со уникатно визуелно шоу составено од светлосни ефекти кои се протегаа од големата сцена се’ до главната фонтана во паркот. Во еден момент, сечиј поглед беше вперен нагоре кон небото, каде што сто дронови направија ретко видено визуелно шоу, обликувајќи кригла и шише со Скопско, за на крајот да го испишат и името на најпознатото македонско пиво на небото над Градскиот парк.
Публицис Скопје успеа да раскаже целосна и богата приказна за Скопско со која помогна да се направи една магична вечер полна емоции, така заокружувајќи го не само роденденот на пивскиот бренд, туку и целото лето полно со возбуди, награди, дружби и забавни активности.
На здравје, Скопско!