Утрово имавме можност да пренесеме дека агенцијата Публицис Скопје со нивната кампања Alzheimer’s News Editors работена за Националниот институт за неврологија се пласираше меѓу 18-те финалисти во категоријата “Односи со јавност“ на овогодинешното издание на фестивалот Голден Драм, а сега имаме големо задоволство да известиме дека на Наградната церемонија која се одржа вечерва, Публицис се наградени со злато, односно ја освоија наградата Golden Drum.
Гранд При наградата во оваа категорија ја освои агенцијата OGILVY & MATHER GMBH. од Австрија, а покрај Публицис, со злато беа наградени уште и агенциите Cheil од Полска и Geometry Global од Романија.
Сребро во оваа категорија освоија агенциите GMP Advertising (Романија), Young & Rubicam Budapest (Унгарија), McCANN Worldgroup Poland (Полска) и BV Mccann Erickson (Романија).
Во продолжение погледнете го уште еднаш проектот со кој Публицис ја носи златната статуетка од Порторож во Македонија. Честитки !