По обновувањето на мандатот на Артур Садун како претседател и генерален извршен директор на Publicis Groupe, како и номинацијата на новото раководно тело Directoire+, групацијата објави и нови лидерски назначувања со цел дополнително зајакнување на своите глобални тимови.
Џејн Лин-Баден, моментално генерална извршна директорка на Publicis Groupe за Северна Азија, е именувана за нова генерана извршна директорка за регионот на Азија-Пацифик (APAC), додавајќи го надзорот над Јужна Азија, Австралија, Нов Зеланд и Југоисточна Азија кон нејзините одговорности. Како член на управниот одбор, Џејн ќе одговара директно пред Артур Садун.
Лорис Нолд, претходно извршен директор на Publicis Groupe APAC/MEA, е назначен за генерален извршен директор за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка (EMEA). Тој ќе ги надгледува сите европски операции и пазари, додека ќе продолжи да ги надгледува Блискиот Исток и Африка, а ќе продолжи да известува директно до Артур Садун.
Извршната директорка на Publicis Groupe Латинска Америка, Моника Гатсби, кон своите одговорносто ќе додаде надзор над активностите на групацијата во Бразил, известувајќи му на Тим Џонс.
Џејн, Лорис и Моника ќе работат во тесно партнерство со локалните лидери во нивните региони, кои директно ќе известуваат до нив, за дополнително да го зајакнат деловниот организациски модел на групацијата и да ги зајакнат нејзините уникатни способности за работа во сферата на креативноста, медиумите, податоците и технологијата.
Талија Равив, генерална извршна директорка на медиската агецнија PMX, исто така ги проширува своите надлежности и ќе ги надгледува сите глобални медиски операции на групацијата.
Ејми Хедфилд, моментално шефица на кабинетот на Артур Садун, е именувана за директорка за глобални комуникации, одговорна за брендот на групацијата и за сите надворешни и внатрешни комуникации на компанијата низ светот. Ејми исто така станува член на Управниот одбор.
„Со раководно тело Directoire+ би сакал да им честитам на Џејн, Лорис, Талија, Ејми и Моника за нивните нови улоги. Секој од нив беше со нас во срцето на трансформацијата на Publicis во изминатите пет години и ќе продолжи да работи со сите наши менаџери и тимови низ групацијата, додека дополнително се зајакнуваме за да ги предводиме промените во нашата индустрија“ – истакнува Артур Садун, претседател и генерален извршен директор на Publicis Groupe.