(СВЕТ) – Започнувајќи од 1 јули годинава, нов глобален партнер на брендот Хајнекен ќе биде биде Publicis Worldwide.
Ова во своето соопштение испратено до медиумите пред неколку дена го објави Хајнекен на својот веб сајт.
Jan Derck, главниот комерцијален директор на Хајнекен по повод овој договор изјави: “Ние сме исклучително задоволни што ја прошируваме нашата соработка со Публицис. Последниве две години нивниот тим беше заслужен за исклучителни резултати, особено со кампањите за “одговорно пиење“ и “Островот од соништата“. Нивниот тим континуирано презентираше разбирање на нашите стратешки определби и постојано бевме импресионирани од нивниот креативен и иновативен пристап“.
Arthur Sadoun, извршниот директор на Publicis Worldwide, изјави: “Хајнекен претставува еден од најголемите светски брендови со исклучително храбро и креативно лидерство. Проширувањето на нашата соработка на глобално ниво е голема чест за нас и признание за исклучителната работа во изминатите проекти кои ги релизиравме заедно. Со нетрпение ги очекуваме новите проекти и заедничката работа “ .
Досегашна агенција која го опслужуваше брендот Хајнекен беше Wieden & Kennedy.