Германскиот бренд на спортска опрема PUMA ја назначи агенцијата adam&eveDDB за нов глобален креативен партнер, со цел зајакнување на брендот со нова маркетинг стратегија за 2025 година што ќе ја позиционира PUMA како водечки бренд за спортски перформанси.
Новата бренд кампања во 2025 година ќе биде фокусирана на емоционалните аспекти на спортот
Основана во 1948 година од Рудолф Даслер, PUMA е родена од визијата за изработка на обувки кои им овозможуваат на спортистите да ја отелотворат агилноста, брзината и духот на самата пума како животно. Веќе 75 години, PUMA е во првите редови на иновациите, соработувајќи со најбрзите спортисти во светот, иконичниклубови и легендарни федерации за да ги поместат границите на она што е возможно кога станува збор за спортските перформанси. Во текот на последните неколку години спортската култура се пресели од тесниот фокус на победата – на пот, истрајност и борба против предизвиците – во еден поавтентичен и човечки простор.
Со неодамнешното назначување на Џули Легранд за виш директор за глобална бренд стратегија и комуникации, PUMA има за цел да го обликува следното поглавје од својот уникатен развој. Легранд, која претходно беше глобален бренд директор на H&M и има повеќе од една деценија искуство во Procter & Gamble, ја посвети 2024 година на рафинирање на ДНК-та и архитектурата на брендот PUMA, определувајќи му посебна и смела позиција на пазарот.
„Дел од мојата мисија кога му се придружив на тимот на PUMA на почетокот на оваа година, беше да го надгледувам и дополнително да го издигнам брендот PUMA во умовите на потрошувачите. Воодушевена сум што ќе соработувам со adam&eveDDB за да проникнеме во нашата ДНК и да развиеме бренд кампања за 2025 година што ќе ја внесе во живот нашата нова глобална бренд стратегија. Со нивната емотивна креативност можеме да изградиме подлабоки, позначајни врски со нашите потрошувачи“ – истакнува Џули Легранд.
„PUMA е дом на некои од најдобрите спортисти, тимови и амбасадори во светот и ние имаме јасна амбиција да ја позиционираме PUMA како водечки бренд за спортски перформанси. Наша цел е да бидеме во првите редови на иновациите и трендовите, не самосо нашите производи, туку особено кога станува збор за брендот и маркетингот. Со adam&eveDDB, најдовме партнер способен да ни помогне да изградиме емотивна врска со нашите потрошувачи, истовремено обединувајќи го брендот PUMA под единствена глобална стратегија низ нашето широко спортско портфолио“ – објаснува Ричард Тејсиер, потпретседател за бренд и маркетинг на PUMA.
Стратегијата на adam&eveDDB ќе го подигне брендот со тоа што ќе ги издигне импресивните акредитиви на PUMA до израз, претставувајќи ја како водечки бренд за спортски перформанси. „Комуницирањето на сето она што PUMA има да го понуди е подарок. Нашите тимови во Лондон и Берлин се длабоко внесени во сите чувства што ги придвижуваат луѓето; едвај чекаме да ја раскажеме уникатната приказна на брендот која беше толку брилијантно дестилирана од Џули и тимот“ – додава Миранда Хипвел, извршна директорка на агенцијата adam&eveDDB.
Првата глобална кампања од adam&eveDDB за PUMA ќе биде лансирана во пролетта 2025 година, предводена од канцелариите на агенцијата во Лондон и Берлин.