Според резултатите од истражувањето кои ги спроведе HURA во соработка со агенцијата Ipsos, повеќето испитаници би им ја препорачале работата во маркетинг агенциите на другите
Хрватското здружение за деловно комуницирање HURA, спроведе истражување за репутацијата на струката на огласување во Хрватска. Целта на истражувањето било да се утврди колку јавноста ја разбира работата во оваа индустрија, колкава е привлечноста за работа во маркетинг агенциите, но и кои се ставовите на испитаниците за огласувањето. Општиот впечаток за работата во марктинг агенциите е воглавно позитивен, а повеќето испитаници, поточно 68%, се запознати со одликите на работа во индустријата.
Истражувањето за перцепцијата и разбирањето на професијата на огласување е спроведено во текот на 2016 година во соработка со агенцијата за истражување на пазарот Ipsos на примерок од 600 испитаници. Спрема резултатите од истражувањето, како главни работни задачи на вработените во маркетинг агенциите најчесто се споменуваат рекламирањето и промоцијата, потоа продажба на производи и услуги, како и маркетинг. Во контекст на разбирањето на задолженијата на вработените во маркетинг агенциите, 68% од испитаниците сметаат дека знаат точно што работат вработените во оваа индустрија.
Кај 57% од испитаниците, огласите позитивно се доживуаваат, бидејќи служат како извор на информации за различни производи кои помагаат при изборот, но преовладува и мислењето дека на огласите не може да им се верува.
Типичниот вработен во маркетинг агенција се доживува како личност на возраст од 31-40 години, која е високо образована, со надпросечни примања, стручна и креативна. Воопшто, работата во индустријата на огласувањето се перцепира како креативна, добро платена и стручна, но и како стресна, комплицирана и тешка работа, која бара прекувремена работа. Иако работата во марктинг агенциите на испитаниците не им е особено интересна, би им ја препорачале на другите.
Деталната анализа на резултатите од истражувањето е достапна на: официјалната страна на HURA.