I&F McCann Grupa, како и агенциите кои работат во нејзиниот составв, се активни членови на повеќе професионални асоцијации кои допринесуваат кон развојот и унапредувањето на бизнис амбиентот и промоција на комуникациската и креативната индустрија како важни дејности за севкупниот економски развој. Преку овие здруженија I&F McCann Grupa, односно агенциите во нејзин состав континуирано учествуваат во сите активности кои се однесуваат на едукација на јавноста, регулација и развој на професијата.
Едно од здруженијата во кое I&F McCann Grupa преку членувањето на своите менаџери е активна од самото основање е и Српската асoцијација на менаџери (САМ). Оваа работна асоцијација насочена кон унапредување и промовирање на професијата менаџер во Србија, преку активно влијание врз креаторите на економската политика со цел создавање на подобри услови за бизнис и економски развој во Србија. Од оваа година I&F McCann Grupa е член на Premium клубот “Пријатели на САМ” кој претставува особен вид на пратнерство преку давање на посебна поддршка во развојот на асоцијацијата и нејзините членови, а со тоа и на пошироката бизнис заедница. Клубот “Пријатели на САМ” ги обединува најуспешните компании од бизнис секторите како банкарство, консалтинг, маркетинг и ПР, ИТ и телекомуникации, FMCG и секторот на услуги.
“Заеднички именител на компаниите кои се членови на овој клуб е да имаат јасно изградени и развиени современи и високи работни стандарди и да се лидери во своите дејности. I&F McCann Grupa е позната како водечка компанија во секторот на маркетинг и комуникации, потврда за тоа е и наградата на САМ за Регионален проект на годината, па логично е што станавме дел од клубот “Пријатели на САМ””, истакнува Тијана Шкориќ Томиќ, извршна директорка на I&F McCann Grupa, и додава: “Преку учеството во активностите и работата на САМ, пренесувајќи ги своите најдобри работни практики и вредности на својот корпоративен систем, компаниите-членови на овој клуб го промовираат етичкиот принцип на работење, поттикнувајќи понатамошна професионализација на менаџерската професија, влијаејќи на понатамошното зајакнување и вмрежување на менаџерите и така дополнителни допринесувајќи кон општото унапредување на бизнис амбиентот во Србија.”
Така I&F McCann Grupa учествуваше во Работната група за изработка на нацрт Законот за огласување, а активно работи и на процесот на Саморегулација на професиите во Србија. Покрај работните и струковни здруженија, приметно е застапена и на различни собири, конференции, фестивали и манифестации, како и соработка со различни образовни и културни институции.
“Проекти како што се “McCann Parabrodiranje” кои ги реализираме во соработка со културната установа Parobrod, или “I&F McCann Ćošak” во соработка со Американскиот кат во Белград, претставуваат иновативни видови на соработка со пошироката заедница. Преку овие манифестации организирани се и голем број на изложби, предавања, трибини, работилници првенствено за млади, студенти и претприемачи… Наша цел е постојана работа на полето на едукација како дел од планското определување на инвестиции и развој на професијата, но и на пошироката опшествена заедница,” заклучува Тијана Шкориќ Томиќ.
Уникатен вид на едукација на пошироката јавност остварен е и преку успешната соработка со дневниот весник Danas, каде во рамки на заедничкиот проект “Marketing & Advertising” преку авторски текстови, анализи и интервјуа е промовирана професијата, како и истакнати поединци од доменот на комуникациите. Посебни внимание е посветено на активностите да полето на опшествена одговорност на кое &F McCann Grupa самостојно, како и со своите партнери, поддржа или реализираше десетици опшествено-одговорни и хуманитарни проекти и активности.