Постои доста јасна разлика кога на телевизија се појавува лице кое нема медиумски тренинг и лице кое веќе е спремно. Сепак, немањето искуство во јавните настапи, не мора нужно да значи лош настап….секако доколку се почитуваат неколку базични правила.
- Подгответе се добро и темелно за изненадувањата
Пред да се појавите на интервју кое ќе се емитува на телевизија потребно е да направите одредена подготовка. Најпрво направете листа од сите непријатни прашања кои би можеле да бидат прашани околу вашата организација и работење и спремете одговори за истите. Ваков тип на листа не само што помага во подготовката пред едно ТВ интервју туку ќе ви помогне во генерална мера и во секојдневните ПР односи. Оваа точка мора да ви биде појдовна точка
- Играње на улоги
Доколку сте дел од проактивно ТВ интервју, со цел да споделите некоја новост во вашето работење како нов производ/услуга или пак најава за организациски активности интервјуто нема да биде толку ризично. Добро е да им помогнете на своите директори во начините на кои би можеле да се справат со непријатните прашања. Добро е директорот да добие добар тренинг и пракса преку играње на улоги. По правило на плаецот секогаш во ТВ новостите првото лице со кого посакувано е да се оствари контакт е директорот, основачот или финансискиот директор, затоа овие лица треба да се најдат на првата линија за тренинг за медиуми.
- Размислете дали е добро да бидете интервјуирани на прво место?
Ова е многу важно прашање. Можеби имате директор кој го сака вниманието и сака да се појавува на секое интервју, или пак може да имате директор кој ќе го одбива појавувањето во секое интервју кое ќе му го предложите. Доколку станува збор за проактивно интервју и вашиот директор е обучен и спремен за справување со медиумското внимание и е доста снаодителен тогаш препорачливо е да се оди на едно вакво интервју. Што е најлошото што би можело да произлезе од ова? Доколку станува збор за реактивно интервју затоа што вашата компанија погрешила во нешто тогаш добро е да одлучите дали би го направиле ова интервју базирано врз основа на целокупната стратегија за кризна комуникација.
Кога ќе се земе во предвид тоа што кризната комуникација паралелно се одвива во текот на една ПР криза не го ставајте вашиот генерален директор на борбените линии туку одговорно лице од понизок ранг.
4. При интервју за време на ПР криза…
Доколу сте “заткнати“ или “осомничени“ како правите нешто компромитирачко што несомнено предизвикува јавен интерес, и тоа е повод за вашиот ТВ настап – првата работа што треба да ја направите е реакција со изјава дека нештата се истражуваат…
- Доколку станува збор за ваша вина и можете да се извините без легални импликации тогаш направете го тоа.
- Доколку проблемот продолжи да се појавува, најавете независна истрага на истиот
- Доколку проблемот не исчезнува објавете ги резултатите од независната истрага
- Во весниците искористете цела страница за да го изразите своето извинување за потрошувачите.
- Надминете го проблемот !
Накратко размислете за прифаќање на рекативно интервју кое се емитува во живо, а тоа се препорачува да се направи само доколку вашиот генерален директор има голема самодоверба и доколку не може да се избегне истото.
- Внимавајте на својата облека и на позадината зад вас
Никогаш не би можеле да погрешите доколку изберете црно или сиво одело или пак бледо сина кошула без разлика дали сте маж или жена. Вратоврската во случајот е опционална.
Она на што треба да внимавате се патерните и ригите. Снимањето во студио или пак на отворено дури и во оваа ултра HD ера, се соочува со проблеми кога станува збор за користење на одредени позадини. Камерата во овој случај ќе се обиде проблемот да го компензира со правење на околината околу вас да изгледа розева.
Кога избирате каде да го одржите своето проактивно ТВ интервју, погледнете која позадинска слика ќе се користи за истото. Tony Blair на пример се соочи со проблем со позадината во интервју кое се одржуваше во црква, одблесокот од позадинскиот прозорец направи да изгледа како да има ореол над главата. Сликата од интервјуто подоцна користена беше во повеќе прилики со цел исмејување од страна на јавноста.
- ‘’Хммм’’, ‘’Ааааа’’…
Непријатните паузи во кои се користат овие воздишки потребно е да прекинете да ги користите.
- Вашето интервју треба да се памети
Целта на едно интервју е да биде запаметено – во идеален случај поради добри причини. Користете шеги и добри забелешки со цел да бидете запамомнати по истите. Доколу сте доволно интересни повторно ќе ве повикаат во емисија.
- Избегнувајте непријатни прашања со користење на техники за премостување
Техника за премостување е техника дека се користат неколку зборови со цел да се игнорира прашањето околу кое сте биле прашани со одговор на прашање кое сте преферирале да бидете прашани.
Просечниот гледач често не ги слуша прашањата кои новинарите ги прашуваат и ги слуша само одговорите кои се даваат, па затоа во таква цел најдобро е да се користат техники за ‘’премостување’’.