Македонците најмногу слушаат радио во сабота во периодот од 12 до 13 часот..
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ги објави податоците од истражувањето на агенцијата Market Vision во однос на досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици што емитуваат програма на државно ниво преку сателит или преку јавна електронска комуникациска мрежа и на телевизиските станици што емитуваат програма на регионално ниво, за вториот квартал од 2016 година.
Во вториот квартал од 2016 година, радио дневно слушале во просек 23,8% од популацијата, додека на неделно ниво радио слушале 41,5% од популацијата што претставува зголемување во однос на претходниот квартал. Радио најмногу слушаат испитаниците на возраст од 20 до 29 години, додека со зголемување на возраста, интересот за овој медиум опаѓа.
Од националните радио станици, најслушана е Антена радио со 8,1% дневен досег, по што следуваат Канал 77 со 4,2% и Македонско радио со 3,0% дневен досег. Во Скопскиот регион, најслушана радио станица е Сити со дневен досег од 6,7%, по што следуваат Бубамара со 4,8% и Скај со 4,5% дневен досег.
Антена радио е исто така и радио станица со највисок неделен досег од 17,9%, по што следува Канал 77 со 10,2% и Македонско радио со 6,6% неделен досег. Од регионалните радио станици на територијата на град Скопје најголем неделен досег имаат Сити радио – 13,6% од популацијата, Бубамара радио со 10,4% неделен досег и Скај радио со 9,8%.
Во однос на период од денот во кој најмногу се слуша радио, досегот на радијата започнува да расте од 7 часот, достигнувајќи го максимумот од 8,5% во периодот помеѓу 11 до 13 часот по што досегот започнува постепено да опаѓа.
Демографската структура на радио слушателите изгледа вака:
За крај погледнете го и уделот на локалните радио станици во територијата каде што зрачат:
Целото истражување може да се погледне на следниов ЛИНК.