Во пресрет на американскиот NFL Super Bowl, брендот на мајонез Hellmann’s го анагажираше поранешниот NFL играч и сегешен тренер Џерод Мајо (одбран веројатно поради своето презиме како скратеница од мајонез) за да биде во фокусот на новата реклама за штедење храна.
Во рекламата, Џерод Мајо се спротивставува и ги „руши“ луѓето кои фрлаат „вишок“ храна. Имено, според Hellmann’s, 40% од целата храна во САД завршува во ѓубре, што претставува сериозен проблем.
Откако Мајо ги „руши“ фрлачите на храна, потоа ги подучува што можеле да направат со тој навидум вишок, наместо да го фрлаат.
После неколку луѓе, редот за „рушење“ доаѓа до комичарот Пит Дејвидсон, кој пробува да се извлече со „Мојата мајка веќе се бори против фрлањето на храна“.
Сепак, Мајо не успева да се воздржи и го „руши“ Дејвидсон, кој одговара „Разбирам. Јас сум многу погоден за удирање“.