Грета Тунбер, 16-годишната шведска еко-активистка, инспирираше милиони луѓе ширум светот да заземат став за спас на планетата, особено младите. Сега, благодарение на еколошки-свесниот тим на стартапот Uno, секој може да ја канализира страста на Грета во сопствениот знак за протестирање.
“Greta Grotesk” е бесплатен фонт базиран врз ракописот на Грета Тунберг од знаците кои таа ги користела при нејзините протести пред шведскиот парламент во изминатата година. Со цел да го изработат фонтот, тимот на Uno ги анализирал знаците на Грета и ги претвориле буквите во векторски слики. Тие ги прилагодиле знаците на иста висина и ги поправиле дисторизиите предизвикани од процесот. За букви со неколку опции за избор, како што е случајот со буквата “T” која се појавува два пати во зборот “Klimatet“, тие ја избрале онаа која најмногу соодветствува на другите букви.
Користејќи го лимитираниот сет на букви од нејзините знаци, тие го реконструирале остатокот од азбуката. Па така, кривата линија од “R” била употребена за да се создаде “B”. Буквата “M” само ја превртиле за да добијат “W”, а средната хоризонтална линија од “E” била додадена на “O” за да се добие “Q.”
Се работи за едноставен фонт – големи букви, бројки и неколку интерпункциски знаци – но доволно за да се искаже својот протест.