Central European Media Enterprises (CME) најавува промени во високиот менаџерски тим на бугарската bTV Media Group за да се забрза растот и дигиталната трансформација. Надзорниот одбор на bTV гласаше да го назначи Ралф Бартолаит за нов генерален извршен директор на bTV Media Group, кој ќе стапи на функцијата од 1 јануари 2023 година. Мартин Швелак ќе продолжи да биде извршен директор на медиумската групација, одговорен за вести, дигитални содржини и веб-проекти.
Љубош Јетмар ќе се врати во Прага, препуштајќи ги сите одговорности за надгледување на деловните операции на бугарскиот пазар на Душан Швалек, главен оперативен директор на CME и актуелен член на Надзорниот одбор на bTV. Љубос Јетмар ќе работи со Ралф Бартолаит и Душан Швалек за да обезбеди континуитет и непречена транзиција.
Ралф Бартолејт има над 20 години менаџерско искуство во ProSieben Sat.1 Media SE (ProSieben). Всушност, тој има голема дигитална експертиза на лидерски позиции во PlutoTV во Лос Анџелес, maxdome и Joyn во Минхен, а има работено и на некои од најзначајните дигитални проекти на ProSieben.
„Среќен сум што можам да му посакам добредојде на Ралф во тимот на bTV. Неговиот опширен увид во меѓународните медиуми, забавните содржини, а пред сé неговото искуство со иновации и дигитализација во нашата индустрија, ќе го позиционира на најдобар начин да ги забрза нашите амбициозни планови за раст за bTV“ – истакна Душан Швалек.
Бугарската bTV Media Group е дел од семејството на CME, кое се наоѓа во сопственост на меѓународната компанија PPF Group. CME е меѓу водечките даватели на медиумски и забавни содржини во Централна и Источна Европа и има телевизиски станици на 6 пазари (Чешка, Романија, Словачка, Словенија, Хрватска и Бугарија). Компанијата емитува повеќе од 43 канали, платени и бесплатни содржини, достигнува речиси 49 милиони гледачи и е сопственик на водечката европска платформа за онлајн видео содржини – VOYO.