Големите државни и европски институции се приклучуваат на заедницата на хрватските комуникатори на „Денови на комуникациите“ со цел заеднички да поттикнат разговор за актуелни теми важни за целото општество
Подготовките се во полн ек за новите „Денови на комуникациите“, кои на своето деветто издание од 20 до 23 април во Ровињ, Хрватска, ќе соберат неколку илјади учесници. Официјалната програма на фестивалот е веќе објавена, а учесниците и овој пат ќе имаат можност да учествуваат во низа интересни дискусии на теми од големо значење за индустријата, но и за општеството во целина.
ЕВРОПА, СТРАНСКО ВЛИЈАНИЕ И МАНИПУЛАЦИЈА СО ИНФОРМАЦИИ
Пред почетокот на 21 век беше незамисливо дека ќе имаме информации до толкава мера што ќе станеме дезинформирани – на опасноста од дезинформации во Европската Унија и нивниот импакт врз јавното мислење и демократијата влијаат странските актери кои со лажни информации ја напаѓааt Унијата, но и социјалните мрежи како извори на низа невистинити податоци. Меѓутоа, Европската комисија во Хрватска смета дека е можно да се излезе како победник од таа борба, што е токму темата на нивниот панел: “Europe, Foreign Interference and Information Manipulation”. Домаќин на разговорот ќе биде Огњан Златев, раководител на претставништвото на Европската комисија во Хрватска, на кој ќе му се придружи Јасна Јелисиќ, раководителка на Работната група за Западен Балкан при Европската служба за надворешни работи, кои во разговор со учесниците ќе стават акцент на заедничката соработка во борбата против дезинформациите.
SUGAR RUSH
Прекумерната тежина во раното детство може да има значително влијание врз физичкото и менталното здравје на децата, нивниот квалитет на живот, а го зголемува и ризикот од дебелина и други хронични незаразни болести во зрелата возраст. Постојат бројни причини, но една од најзначајните е тоа што децата се изложени на огласувањето на прехранбени производи со висока содржина на масти, сол и шеќер (HFSS). На панелот “Sugar Rush: Examing the Effects of Advertising HFSS to Children“, УНИЦЕФ Хрватска ќе предупреди за овој растечки проблем и ќе даде совети за тоа како можеме да создадеме средина која промовира правилен избор на храна преку поодговорен маркетинг. Домаќин на панелот ќе биде Мартина Прокл Предраговиќ, консултант за комуникации, УНИЦЕФ Хрватска, а во разговорот за соработка на различни сектори ќе ѝ се придружат Анѓела Буљан Шибер, претседател на одборот на HURA и IAB Croatia/Izone, потоа Маја Ланг-Моровиќ, проф. рехабилитатор во Хрватскиот институт за јавно здравје, како и Лидија Гамулин, раководител за партнерства при УНИЦЕФ Хрватска.
ЕВРОПА НА ЕДНАКВОСТА
Начинот на работа се менува кога се воведува нов закон – понекогаш овие разлики се едвај забележливи, а понекогаш може да предизвикаат радикална промена. Пример за таква револуционерна промена е Директивата за жени на лидерски позиции, која бара зголемување на процентот на жени на лидерски позиции до 2026 година. Овој чекор кон родово свесна политика, подобра рамнотежа меѓу деловниот и приватниот живот и елиминирање на родовите разлики на пазарот на трудот ќе биде тема на панелот “Europe of Equality by European Commission in Croatia”, кој ќе го води Андреа Човиќ Видовиќ, заменик-шеф на Канцеларијата на Европската комисија во Хрватска и шеф за односи со јавноста на ЕК во Хрватска, а во разговор со учесниците на фестивалот ќе и се придружи Марина Буразер, маркетинг директор на Fortenova Group.
SHOW ME THE MONEY!
Хрватска е честа дестинација за големи продукции и филмски екипи: некои од најпознатите примери се популарната „Игра на тронови“ снимена во Дубровник, или пак хрватскиот остров Вис кој ја „глумеше“ Грција во филмот „Mamma Mia: Here We Go Again“. Сето тоа беа одлични можности за Хрватска да напредува во светот на шоубизнизост, но кога конечно токму Хрватска ќе биде онаа која ќе се „глуми“? Кога земјата ќе се дистанцира од имиџот на евтина филмска дестинација и ќе се потруди нивните убави туристички дестинации да бидат препознатливи во светот? Хрватската стопанска комора со панелот “Show Me the Money! Film Productiona for a Good Job in Croatia”, заедно со претставникот Јагода Дивиќ, независен советник во Хрватската стопанска комора, и соговорникот Далибор Матаниќ, познат сценарист и филмски режисер, ќе привлече внимание на брендирањето на Хрватска преку кинематографијата од бизнис перспектива, што ќе им помогне не само на локалните филмаџии – туку и на целата туристичка индустрија.
КОМУНИЦИРАЊЕ НА ЕВРОПА ВО ВРЕМЕ НА ПОЛИКРИЗА
Неодамнешните настани на светската сцена ги соочуват граѓаните и креаторите на политиките со големи предизвици. Сепак, тие служат и како катализатор за нови решенија и политики во различни области – од дигиталната и зелената транзиција, па сѐ до безбедноста. Еден таков пример е Законот за вештачка интелигенција на ЕУ, кој ја претставува првата хоризонтална регулација на вештачката интелигенција во светот, ставајќи ја Европа во првите редови во поставувањето глобални стандарди. Ова ќе биде една од темите на разговорот “Communicating Europe in times of polycrisis” на Канцеларијата на Европскиот парламент во Хрватска, во која ќе учествуваат Маја Љубиќ Кутњак, oдноси со медиумите, канцеларија на Европскиот парламент во Хрватска, и Мили Дулан, генерален директор, Euronavigator.
Веќе препознат по својата единствена програмска понуда која излегува од вообичаеното и поттикнува промени, фестивалот „Денови на комуникациите“ со својот нетипичен пристап сака да продолжи да ги освојува срцата на сите оние кои се желни за критичко размислување, нови пристапи и иновативни технологии. Пријавувањето за учество на „Денови на комуникациите“ е достапно преку официјалната веб-страница www.danikomunikacija.com.