Со реновирање на самиот трговски центар и со ребрендирање на логото „Рамстор мол“ ја одбележува 10-годишнината од влезот на македонскиот пазар.
“Срце“ е новото лого на компанијата, а “Центар во Центар“ е новиот слоган на компанијата, соопшти вчера менаџментот на молот на прес конференцијата по повод јубилејот.
Во десетгодишното постоење компанијата отвори 19 маркети во шест различни градови низ Македонија со вкупна продажна површина од 16 илјади метри квадратни, а до крајот на годината планира да отвори уште еден маркет со што ќе ја достигне бројката од вкупно 20 маркети.
– Сето ова уште еднаш ги потврдува нашите сериозни и долгорочни намери и планови за постојана експанзија на Рамстор во Македонија. денес, во Македонија имаме вкупно 470 вработени, а новите инвестиции ќе значат и нови вработувања, изјави генералниот директор Ајхан Узун на денешната прес-конференција по повод јубилејот.
„Рамстор“ почна да функционира во Македонија на 11 јуни 2005 година и е синџир на најголемата компанија за интеранционални малопродажни супермакрети на турската компанија „Мигрос Тиџарет“.