Францускиот луксузен моден бренд Chanel објави нова реклама за легендарниот женски парфем Nº5, во која главните улоги ги толкуваат австралиските филмски ѕвезди Марго Роби и Џејкоб Елорди.
Во краткиот филм насловен „Рандеву“, објективот на режисерот Лука Гвадањино ги следи Марго Роби и Џејкоб Елорди по живописните патишта на Калифорнија. Филмот раскажува приказна за пропуштените средби на двајца заљубени, при што патот да се стигне до нивната потенцијална средба е исто толку важен како и самото рандеву.
Ги чека ли рандеву на крајот од патувањето? Или пак патувањето е самото рандеву? – се прашањата што ги поставува брендот Chanel.
Кампањата е создадена од страна на внатрешниот креативен тим на компанијата.