Овој четврток (14.07.2016 год.) со почеток од 18:30 часот во кафе-бар “Каса“ (Дебар Маало) во Скопје, ќе се оддржи новото, 18-то по ред, издание на Бизнис Кафе Македонија, единствениот настан од ваков тип каде редовно секој месец македонските претприемачи, менаџери, бизнисмени и бизнис-ентузијасти се дружат и споделуваат бизнис искуства во неформална и опуштена атмосфера.
Организаторите и овојпат се потрудија пред присутните да обезбедат разговори со интересни гости кои има што да кажат и споделат за своите најразлични позитивни (и некогаш негативни) бизнис искуства, за извлечените поуки и за изворите на мотивација како постојатно да продолжат да чекорат по успешниот пат.
Гости на настанот ќе бидат Г- динот Зоран Витанов претседател на Асоцијацијата на менаџери на Македонија, тренер и претприемач, Г-ѓата Вилма Учета Дузлевска – Генерален дирекор на Кроација осигурување – Живот и Г- динот Марио Јовановски – персонален фитнес тренер и инструктор со повеќе годишно искуство во областа на фитнесот.
Настанот обично трае 2 до 3 часа, од кои првиот час е резервиран за гостите кои низ разговор со модераторот и гостите одговараат на прашања поврзани со нивниот бизинс и кариера а останатите 2 часа се предвидени за неформална дружба, запознавање, делење на визит карти и сл.
[box type=”note” ]Карти за присуство на настанот може да се набават online преку “Купи Карти за Се” на следниов ЛИНК и во сите продажни места и пунктови кои може да се погледнат ТУКА .[/box]
Покровител на 18-тото издание на Бизнис Кафе Македонија е Агенцијата за односи со јавноста Чептер 4 Македонија.