Атлантик Група во првата половина на 2016 година оствари продажба од 325 милиони евра, која во споредба со истиот период од 2015 година, претставува пад од 3,3 проценти. Оперативната добивка пред камата и даноци ( ЕБИТДА) изнесува 34,4 милиони евра и е намалена за 7,4 проценти, а нето-добивката по малцински интереси е во износ од 17,7 милиони евра.
“Овој пад на продажбата е предизвикан од прекинот на соработката со најголемиот купувач на приватниот трговски бренд во делот на Спортот и активна продажба и во помала мера, намалување на вредноста на руската рубља и српскиот динар. Доколку се исклучат овие ефекти, приходите од продажбата во споредба со истиот период минатата година е зголемен за високи 5,2 проценти. Падот на оперативниот профит главно се должи на претходно најавените значајни инвестиции во развој на дистрибуцијата на сопствените брендови во Германија и Австрија, а речиси кај сите деловни сегменти се забележува значителен раст на профитабилноста“, вели заменик-претседателот на Атлантик Група за финансии Зоран Станковиќ.
Карактеристики на првата половина на годината
Од важни бизнис настани во првата половина на годината, се истакнува основањето на сопствена дистрибуциска компанија во Германија и Австрија, со цел значително да се зголеми продажбата на сопствените брендови, пред се: Мултипауер, Аргета, Донат Мг, Бакина Тајна и Цедевита, на овие пазари. Покрај тоа, Групацијата со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и четирите партнерски банки (Ерсте, Рајфајзен, Сбербанк и Уникредит) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) се согласи за повеќе поволни финансиски услови за заем пакет во вредност од 191,5 милиони евра, со што е продолжен рокот на достасување на кредитирањето. Исто така има и успешна емисија на корпоративни обврзници во износ од 200 милиони евра со фиксна годишна каматна стапка од 3,125 отсто. Според истражувањето на агенцијата Valicon четири брендови на Атлантик Група се меѓу првите 10 брендови во регионот (Цедевита, Смоки, Аргета и Кокта), додека најголемиот приватен ланец на аптеки во Хрватска – Фармација во изминатите шест месеци евидентира три нови отворени специјализирани продавници и зголемување на ефикасноста на работењето.
СБО Деликатесни намази и СБО Здравје и нега се најголеми генератори на раст
Севкупниот раст во продажбата на Атлантик Група во првата половина на 2016 година беше поткрепен со стратешката бизнис област Деликатесни намази со раст од 16,0 отсто, стратешка бизнис област за здравје и нега, со раст од 5,0 проценти, Дистрибутивната област Словенија, со зголемување од 3, 9 проценти, како и стратешката дистрибутивна област Хрватска од 2,7 проценти. Кафе со 20,3 отсто удел од вкупната продажба се издвојува како најголемата категорија со 66,1 милиони евра приходи од продажба.
Во однос на пазарите, најголем раст од 4,9 проценти е остварен во Словенија, кој е трет по големина пазар во Атлантик Група со учество во вкупните приходи од 16,3 отсто. На хрватскиот пазар, кој со 28,0 проценти има најголем процент на приходи од продажба, се зголеми за 4,0 проценти, додека на пазарот на Босна и Херцеговина со пораст од 3,5 отсто трет по раст во првото полувреме со учество од 7,8 проценти од вкупниот приходи од продажбата.
Сопствени трговски брендови на Атлантик Група учествуваат во продажбата со 68,1 отсто, дистрибуцијата на брендовите од принципалите со 20,0 отсто, ланецот Фармација со 7,2 отсто, додека производите кои Атлантик Група ги произведува како приватни трговски брендови за големи деловни системи во земјата и во странство во вкупниот приход од продажба учествува со 4,6 отсто.