Извештајот на магазинот AdAge за најголемите светски огласувачи за 2017 година покажува голем раст на вложувањата во Кина
Според најновото истражување на американскиот магазин AdAge, 100-те најголеми огласувачи во светот ги зголемиле своите вложувања во маркетинг за 3,4% во 2017 година, на вкупна сума од 267 милијарди долари. Но, вистинскиот раст според овај извештај, се одвиваше во Кина, која сега може да се пофали со четири најголеми огласувачи во светот.
Огласувачките и промотивните вложувања на компанијата Alibaba, најголемата онлајн малопродажна мрежа во Кина, се зголемиле за 50%, на 1,3 милијарди долари, што е најбрзиот раст во топ 100 компании. Вложувањата на интернет гигантот Tencent пораснаа за 48% на 1,4 милијарди долари, со што компанијата е втора на листата по раст на вложувањата. SAIC Motor, најголемата авто-групација во Кина, ги зголеми вложувањата за скромни 4%, на вкупен износ од 1,6 милијарди долари. Yili Group, најголемиот производител на млечни производи во земјата, ги намали своите вложувања, но вкупната потрошувачка на оваа четворка, сепак пораснала за 20%.
Овие компании, најголемиот дел од нивните инвестиции ги насочиле во домашниот кинески пазар, кој сега е втор по големина најголем светски огласувачки пазар. Вложувањата за огласите пораснале за 8,7% во 2016 година, а оваа година ќе пораснат за 7,4% на 80,5 милијарди долари,се наведува во новата прогноза на агенцијата Zenith.
Amazon се најде на 11 место помеѓу глобалните огласувачи, со вложувања од 5 милијарди долари, а под него се компаниите Ford Motor, Coca-Cola и McDonald’s.
На ранг листата се уште десет компании од овај вид, а некои од нив се Tencent, Alibaba и Rakuten, а тие во просек минатата година ги зголемиле вложувањата за 25,8%. Заедничките инвестиции на преостанатите 90 од листата се зголемија за 1,7% во однос на претходната година.
Вкупно 65 компании на листата забележале раст на инвстициите во огласувањето, а не изненадува фактот што на оваа листа доминираат компаниите фокусирани на интернет.
Procter & Gamble го задржа првото место, со вкупни 10,5 милијарди долари потрошени на огласување и други маркетинг активности. Samsung Electronics од Јужна Кореја го зазеде второто место со вложувања од 9,9 милијарди долари во 2016 година. Швајцарската компанија Nestlé е на третото место со проценети 9,2 милијарди долари вложувања во огласувањето на глобално ниво.
Автомобилската индустрија е најјака категорија на оваа листа на најголеми светски огласувачи и 17 компании од оваа индустрија вложија 51 милијарди долари. Следува категоријата на лична нега и производи за домот , односно 13 огласувачи од оваа категорија вложија 48 милијарди долари.
На топ 100 листата на најголеми огласувачи се наоѓаат 46 компании со седиште во Северна Америка (45 во SAD, плус телекомуникациската компанија América Móvil од Мексико), 31 во Европа и 23 во Азија.
Петте најбрзорастечки вложувања во огласувањето се во компаниите кои се доминантно фокусирани на интернет, а ги предводи Alibaba.
World’s Largest Advertisers се темели на проценките на платформата Ad Age Datacenter и извештаите на самите компании. Овај извештај ја опфаќа вкупната потрошувачка на огласувањето и претставува сеопфатна проценка која ги вклучува сите, од телевизиското огласување и огласувањето во трговијата, до социјалните медиуми и мобилните уреди. Целокупниот извештај е достапен исклучиво за претпатниците на Ad Age Datacentra.